|
|
|
Награда на Светскиот самит за информатичко општество - Македонија 2011
|
|
|
|
|
Почетна - за WSA
|
Наградата на Светскиот самит |
|
Метаморфозис ги повикува заинтересираните кандидати од Македонија да пријавуваат свои апликации за е-содржини и апликации, кои може да бидат номинирани за учество на Наградата на Светскиот самит
Крајниот рок за пријавување е 26 март 2011. Кандидатите можат да пријавуваат апликации во следниве категории, и според овие критериуми.
Пријавите може да ги земете од тука:
И пратете ги на
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
до 26.03.2011.
Наградата на Светскиот самит е глобална иницијатива за избор и промоција на најдобра е-содржина којашто започна да се доделува во 2003 година во рамките на Светскиот самит за информатичко општество на Обединетите Нации. Процесот се одвива преку национални избори и еден глобален избор, кои се одржуваат на секои две години и голем број национални и меѓународни конференции и работилници посветени на содржините – наречени Патувачко шоу на Наградата на Светскиот самит.
Наградата на Светскиот самит е проект кој поканува на учество и
глобален центар за сите кој го гледа клучното значење на креирање
одлични е-содржини во рамките на новото информатичко општество. До
денес 168 земји активно се вклучени во Наградата на Светскиот самит.
Нови партнери од целиот свет секогаш се добредојдени да и се придружат
на оваа глобална иницијатива!
Што е дигитален јаз?
Дигиталните библиотеки, новиот начин на
раскажување приказни, станаа вообичаена појава. Но, што е со луѓето кои
немаат пристап до интернет или не зборуваат англиски? Што е со луѓето
кои не ни знаат што значат зборовите „мрежа“ или „интернет“? Не,
проблемот не е во тоа што тие немаат компјутер. Проблемот е во тоа што
тие немаат пристап до квалитетни содржини кои можат да им го променат
животот.
Што е содржински јаз?
Како што светските економии се фокусираат на
креирање и унапредување на технолошките производи, прашањето на
содржините се смета за непотребно. Технологијата и сето она што
технологијата го произведува се поврзани меѓу себе, не можат еден без
друг. Сепак, „она“, сржта на сето тоа, останува само мало делче од тоа
што може да биде, и тоа поради страшниот недостаток на финансии.
|
|