Награда на Светскиот самит за информатичко општество - Македонија 2009
 
 
Почетна - за WSA
Авантурите на Дино Испечати Е-пошта

Организација: Зона ДООЕЛ
Производ/проект: Авантурите на Дино
Категорија: е-учење и образование

Краток опис на проектот:
„Авантурите на Дино“ е апликација замислена и дизајнирана како помошно наставно средство за најмладата популација од претшколската и раната школска возраст. Заедно со Дино, детето ги стекнува и развива основните познавања од областа на природата, општеството, животниот свет и екологијата. „Авантурите на Дино“ е богат со визуелни креации, дијалози, графички анимации и аудио стимуланси и концептуално е поделен на неколку дела. Во основниот дел корисниците се запознаваат со околината во која што живеат (елементарни правила и учесници во сообраќајот, основни елементи на домаќинството и семејството, промена на годишни времиња, дневни и сончеви циклуси), броеви и букви, бои и музика. Покрај содржините со образовен карактер, за „Авантурите на Дино“ се разработени повеќе игри, осмислени и развиени на начин, што ќе му овозможи на корисникот да учи во процесот на играњето и да развива определени интелектуални, компјутерски и моторички способности.

Какви е-содржини се опфатени со производот/проектот?
- текст, аудио дел (говор, музички секвенци), визуелен дел (слики, филмови)

Кои се досегашните ефекти и влијание на производот/проектот?
- Нашите согледувања од големиот број пристигнати мејлови се, дека ефектите и влијанието на „Авантурите на Дино“ се позитивни меѓу целната група на корисници, со силен позитивен импакт врз групата во смисла на, покрај помошта во научно-наставниот процес, на употребата компјутери и на стекнувањето на навики за безбедно сурфање на интернет.
На кој начин производот/проектот придонесува во развојот на информатичкото општество?
- Со „Авантурите на Дино“ корисниците од целната група стекнуваат основни навики на користење  компјутер, на сигурна и безбедна интернет навигација и комуникација, со што ја стекнуваат неопходната подготовка за целосно вклопување во информатичко општество

Која е целната публика на производот/проектот?
- Деца од предучилишна и рана училишна возраст, во старосни рамки од 4-7 години

На кој јазик (на кои јазици) се достапни содржините?
- македонски, српски и хрватски. Во тек е изработката на германска верзија.

Дали при изработката на проектот е водено сметка за правилата на употребливост и на кој начин?
- При изработката беа консултирани специјалисти од областа на образованието на целната група, педагози и психолози, како и јазички специјалисти, со што „Авантурите на Дино“ е целосно употреблив како наставно помагало за корисниците од целната група.

Дали производот/проектот се заснова на примена на отворени стандарди и ако да, кои?
- Не

На кои сè оперативни системи може да се користи производот/проектот?
- Windows, Linux во сите варијанти

Дали производот/проектот ги исполнува критериумите за пристапност според стандардите на В3Ц (World Wide Web Consortium, www.w3c.org)?
- Да

Дали производот е погоден за користење од страна на лица со хендикеп, на пр. слепи лица?
- Од реакциите на надлежните лица стекнавме убедување  дека „Авантурите на Дино“ е мошне важна алатка во развојот на корисниците од целната група, особено на деца со пречки во развојот.

 
< Претходно
© 2010 wsa.org.mk
Powered by [Joomla!]