Награда на Светскиот самит за информатичко општество - Македонија 2009
 
 
Почетна - за WSA
Мултибокс Испечати Е-пошта

Организација: Македонски Телеком АД - Скопје
Производ/проект: Мултибокс
Категорија: е-забава и игри

Краток опис: Мултибокс е портал за мултимедијални содржини, чија цел е искористување на придобивките од информациските технологии. Главно, порталот се стреми македонските мултимедијални содржини (творештво и култура) да ги објави на Интернет публиката ширум светот, што особено им значи на Македонците во странство.

Какви е-содржини се опфатени со производот/проектот?
- На порталот се опфатени мултимедијални содржини од македонска продукција кои го претставуваат нашето творештво и култура

Кои се досегашните ефекти и влијание на производот/проектот?
- Задоволството на посетителите од содржините на порталот е голема, а со тоа расте и неговата посетеност. Со цел да се задоволат барањата на се поголемиот број посетители, на страницата постојано се објавуваат нови содржини, категории и сл.

На кој начин производот/проектот придонесува во развојот на информатичкото општество?
- Сè поголемиот број на мултимедијални содржини ја збогатува понудата на интернет како медиум и посетителите очекуваат се повеќе од медиумот, односно и од информатичкото општество.

Која е целната публика на производот/проектот?
- Целна публика на порталот се сите љубители на македонската продукција (музика, филм итн.), а особен интерес за содржините покажуваат Македонците од странство, кои имаат ограничен пристап до македонската продукција.

На кој јазик (на кои јазици) се достапни содржините?
- Содржините се презентирана на македонски јазик, но самата природа на мултимедијалните содржини не ги ограничува посетителите кои не го познаваат македонскиот јазик за ги следат содржините.

Дали при изработката на проектот е водено сметка за правилата на употребливост и на кој начин?
- Употребливоста на дадена веб страница е клучен фактор кој треба да биде земен во предвид доколку сакате вашиот сајт да биде посетен од што поголем број на посетители. За таа цел мултибокс е креиран да биде лесно употреблива, со едноставна и интуитивна навигација, содржините и се лесно пристапни содржини. Бидејќи станува збор за портал со мултимедијална содржина, истиот е достапен за посетители кои користат широкопојасна интернет врска.

Дали производот/проектот се заснова на примена на отворени стандарди и ако да, кои?
- Нашите напори беа насочени кон тоа што е можно повеќе да бидат применети отворените стандарди.

На кои сè оперативни системи може да се користи производот/проектот?
- При користењето на порталот, нема ограничување во поглед на оперативните системи. Единствен услов е посетителот да има инсталиран флеш додаток при интернет прелистувачот.

Дали производот/проектот ги исполнува критериумите за пристапност според стандардите на В3Ц (World Wide Web Consortium, www.w3c.org)?
- Со оглед на тоа што се одлучивме за флеш технологијата, ја ограничивме примената на „стандардите на В3Ц“ на сметка на мултимедијалниот приказ.

Дали производот е погоден за користење од страна на лица со хендикеп, на пр. слепи лица?
- Проектот не е предвиден за користење од страна на лица со хендикеп.
 

 
< Претходно   Следно >
© 2010 wsa.org.mk
Powered by [Joomla!]