Награда на Светскиот самит за информатичко општество - Македонија 2009
 
 
Почетна - за WSA
Млади инфо Испечати Е-пошта

Организација: ФЕЈС Македонија
Производ/проект:
Млади инфо
Категорија: е-вклучување и учество

Краток опис:
Млади инфо е нова веб страница, чија цел е на едно место да ги претстави сите актуелни можности за студирање и доусовршување, стипендии, грантови, обуки и конференции, најразновидни конкурси, работа и пракса во странство. Идејата е да им се олесни патот на младите луѓе до остварување на нивните цели и заокружување на нивното образование. Поради тоа на овој портал може да се најдат и корисни совети за тоа како треба да изгледа кратката биографија според светските стандарди, како треба да изгледа писмото на мотивација или препораката од работодавецот или професорите. Исто така овде ќе може да се најдат најразлични актуелности кои на некаков начин ќе бидат поврзани со образовниот процес на младите во Македонија

Какви е-содржини се опфатени со производот/проектот?
Негова цел е на едно место да ги претстави сите актуелни можности за студирање и доусовршување, стипендии, грантови, обуки и конференции, најразновидни конкурси, работа и пракса во странство. Идејата е да им се олесни патот на младите луѓе до остварување на нивните цели и заокружување на нивното образование. Поради тоа на овој портал може да се најдат и корисни совети за тоа како треба да изгледа кратката биографија според светските стандарди, како треба да изгледа писмото на мотивација или препораката од работодавецот или професорите. Исто така, Млади инфо е и место каде е можно да се огласува, да се пронајде слободна соба за студенти или да се продаде компјутер на пример. И на крајот, овде ќе може да се најдат најразлични актуелности кои на некаков начин ќе бидат поврзани со образовниот процес на младите во Македонија.

Кои се досегашните ефекти и влијание на производот/проектот?
Од досегашното постоење на проектот имаме по околу 1000 посети дневно, што доколку се земе предвид постоењето од неполн месец, сметаме дека оваа бројка е прилично висока, исто така проектот има строго таргетирана публика. Прокетот е достапен на англиски јазик со цел да придонесе за поголеми ефекти и влијание врз поголема целна публика од регионот, Европа и светот.

На кој начин производот/проектот придонесува во развојот на информатичкото општество?

- Млади инфо ќе се стреми да биде во тек со новите трендови поврзани со едукацијата на младите луѓе низ светот, навремено да ги информира своите корисници за сите објавени конкурси и огласи и да помогне во нивното успешно искористување на можностите кои светот ги нуди.
Наша цел е што повеќе млади од Македонија да ја искористат шансата да студираат или да специјализираат на престижните светски универзитети, да посетат обуки или да учествуваат на најразлични конференции. Со тоа нашата мисија ќе биде успешна, овој портал ќе ја исполни својата највисока цел. На овој начин сакаме да им помогнеме на младите од Македонија да имаат поголема достапност на информациите кои циркулираат низ светските мрежи, а со тоа им овозможиме активно да учествуваат на настани,обуки,доусовршување надвор од Македонија. 

Која е целната публика на производот/проектот?

-пред се, млади од Македонија од 17-40 години, а исто така бидејќи содржините се на англиски се однесуваат и на истата популација надвор до земјата.

На кој јазик (на кои јазици) се достапни содржините?
-англиски, и делумно на македонски

Дали при изработката на проектот е водено сметка за правилата на употребливост и на кој начин?
- Да, се одбираа клучни зборови, пристапност на пребарувањето

Дали производот/проектот се заснова на примена на отворени стандарди и ако да, кои?
- при изработката се користени софтвери кои се со слободен пристап за користење

На кои сè оперативни системи може да се користи производот/проектот?
- на сите

Дали производот/проектот ги исполнува критериумите за пристапност според стандардите на В3Ц (World Wide Web Consortium, www.w3c.org)?
- да

Дали производот е погоден за користење од страна на лица со хендикеп, на пр. слепи лица?
- не
 

 
Следно >
© 2010 wsa.org.mk
Powered by [Joomla!]